Туристичката сезона во Охрид започната, а повеќе од една недела непријатна миризиба и чад од депонијата Буково ги труе жителите и туристите, реагира опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Георгиески нема капацитет да се справи со запалената депонија иако е една од главните забелешки во препораките на УНЕСКО. Досега веќе требаше проблемот да биде решен, а не Георгиески да парадира на партиски трибини и да ги лаже охриѓани за нови проекти кога никој досега не видел ниту еден капитален проект. Георгиески и надлежните се платени од граѓаните за да работат, а тие спијат и не се способни да ја спроведат работата за која се поставени и ангажирани. – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews