ВМРО ДПМНЕ бара да им се продолжи работниот однос на негувателките од градинката „Јасна Ристеска” на кои им завршија договорите, по што тие повеќе не доаѓаат на работа.За тоа партијата го обвинува политичкиот ривал на власт СДСМ.

-Зарем ова е животот кој го донесе СДСМ? Играње со човечки судбини преку давање отказни честитки најпрво за Нова година сега за 8 Март. Зарем вака изгледа еден нормален работен ден во кој се соопштуваа дека од наредниот ден не си повеќе на работа? СДСМ кога помпезно го промовираше проектот за втора смена во градинките соопшти дека има недостаток од 2.000 лица во јавните установи за згрижување деца. Зошто при недостаток на кадар се бркаат луѓе со работно искуство? Паѓаат во вода и неодамнешните изјави на министерката Мила Царовска според кои 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се трансформираат на неопределено време. Лицемерието на оваа власт е очигледно. Има реална потреба од загриженост кај родителите на дечињата. – истакна на прес конференција Перчо Божиноски портпарол и шеф на Центар за комуникации на ОК ВМРО ДПМНЕ.

Божиноски праша дали испразнетите места ќе бидат пополнети со партиски подобни членови без ден искуство и работа во образовни институции? 

– ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да им бидат продолжени договорите на негувателките и да им се трансформира работниот однос на неопредлено време. – рече Божиноски.

OhridNews