ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и транспарентна политичка партија секогаш излегува со отчет пред народот за сработеното. ВМРО – ДПМНЕ Охрид продолжува да се раководи по начелата на принципиелност и одговорност во работењето, како и транспарентност и отчетност во однос на ветеното и сработеното, потенцираат од општинската ВМРО ДПМНЕ во реакцијата испратена по дописот од ОО на СДСМ во врска со отчетот на градоначалникот.
– Дадениот збор во ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески, претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата го сведочат тоа. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот покажаа како се сака Охрид. Со најголем број реализирани проекти во историјата на овој град со посветеност, љубов и разбирање им помогнаа на луѓето и со тоа го направија нивниот живот поразличен, подобар, поквалитетен во повеќе сегменти за разлика од порано. Она што политички опоненти од СДС го говорат се празни зборови и нереални ветувања, затоа и не може да ви се верува затоа што со урбаната деградација направивте од Охрид–град на духови, уништувајќи го со тоа развојот на туризмот во нашиот град, задолжувајќи го градот со над 2 милијарди и 38 милионски долг, кој долг до ден денес ја кочи работата на Општината во смисла на реалиизирање на уште поголеми и позначајни проекти, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека е дрско да се испраќа соопштение за тоа што се требало да се направи за Охрид, а не се направило и покрај осумте години мандат на претходната локална власт.
– Вистината е дека Домот за стари лица е реалност благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот. Да се потсетиме што направи вашиот градоначалник, само еден кружен тек сликан од различни перспективи. Се што вие оставивте беа долгови по угостителски објекти на општинската сметка. Факт е дека во овој момент во Општината е стабилизирана финансиската состојба и долгот постојано се намалува затоа што се вратени 13 милиони евра по сите основи и се исплатени сите обврски во нашиот мандат. Да, има разлика затоа што Охрид доби современо јавно осветлување, пет современи кружни текови и шест плоштади, девет детски и спортски игралишта како и фудбалски терен со вештачка трева, асфалтирани патишта во Охрид и руралните средини, атрактивни пешачки патеки, нови и реконструирани училишта, големи меѓународни спортски натпреварувања, значајни културни проекти за заштита на културното наследство, конкурентност на светскиот туристички пазар преку промозција на Охрид и директни авионски линии, отворање нови работни места за граѓаните преку фабриките „Одв Електрик“, „Костал“ и ред други проекти опфатени во Отчетот којшто не е како вашите лажни памфлети со кои мафтате, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews












