Деновиве сме сведоци на средба помеѓу премиерот Заев и градоначалниците на општините во однос на решавањето на проблемот со депонирањето на отпадот, на која средба премиерот им порача да бидат одлучни и да ги прифатат предложените локации за изградба на регионални депонии, се наведува во дописот од ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

– Го прашуваме Ногачески дали ја прифатил посочената локација за изградба на депонија во Дебрца. Полека почнува да станува јасно зошто Ногачески и тогашната советничка листа на СДС на чело со бизнисмен од Дебрца, беа категорично против одржувањето на референдумот покренат од поранешниот Градоначалник од Вмро – Дпмне Дебрца, кој беше успешно спроведен и на кој граѓаните одлучија дека се против изградбата на оваа депонија, велат од ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

Од партијата со прашање до актуелниот градоначалник, дали ја почитува волјата на народот и му ставил до знаење на премиерот дека народот е против депонија или пак ветил едно, а направил друго откако станал градоначалник.

OhridNews