
-Изминативе години бевме сведоци на безброј ветувања од страна на градоначалникот Петрески за подобрување на локалната инфраструктура и патиштата низ градот. Денес, наместо остварени ветувања согледуваме дека станува збор за празни зборови, беше речено во рамки на прес-конференција.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека освен катастрофалната состојба на неколку главни сообраќајници и на останатите градски улиците секојдневно се појавуваат нови испукнатини и дупки кои импровизирано се санираат
– Логично на тоа се надоврзува прашањето, каде одат парите од градската каса кога улиците ни се во тотален хаос. По некоја извртена логика евидентно својствена за припадниците на локалната власт, веројатно е премногу рано за нешто да се стори, па, кога ќе наближат локалните избори ќе нема доволно пропаганден материјал за да се истера една предизборна кампања! Дали треба да почекаме уште некој месец за да наближи оној критичен предизборен период па да се почне со санација на градските улици?, прашуваат од охридското ВМРО ДПМНЕ.











