
-Иако постоеја некои јалови обиди на опозицијата, овие избори да се претстават како неефикасно спроведувани, обиди за создавање на изговор заради сопствениот изборен неуспех, евидентен по првиот изборен круг, тие обиди не успејаа затоа што граѓаните не дозволија да бидат вовлечени во такви манипулативни сценарија и калкулации. Граѓаните го дадоа најголемиот одговор и јасна порака на ваквите обиди за манипулација со изборната воља. Одредени структури од СДСМ се обидоа невешто и неуспешно да исценираат амбиент за нелегитимност на изборите, преку кршење на изборниот молк во дел од медиумите кои се под нивна прилично голема контрола, со пласирање на непроверени тези за наводно недемократско однесување на учесниците во изборите, на изборниот процес и тоа без ниту еден легитимен или валиден доказ, без ниту еден факт или документ, рече меѓудугото Милошоски.
Тој потенцираше дека граѓаните на денешните избори се определиле да бидат позрели од некои политички партии и јасно да ја изразат својата изборна воља.
OhridNews











