Според општинската ВМРО- ДПМНЕ денешната прес конференција на ОО на СДСМ наликувала на стендап комедија.
– Во пресот во кој несврзано се опфатени тематики од надворешната политика преку меѓуетничките односи до политичко преставување, она што можевме да го сфатиме е дека очигледно на „патриотите “ од СДСМ им пречи што ги повикуваме граѓаните своите годишни одмори да ги поминуваат во Охрид, наместо кај нашиот јужен сосед. Во понатамошниот тек на политичката кампања со оглед на комичниот пристап на СДСМ очекуваме да го обвинат ВМРО ДПМНЕ за низа комични и небулозни твдрдења од типот за појавата на генетски модифицирана храна и за бесконечноста на вселенета, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
Од ОК на ВМРО- ДПМНЕ додаваат дека денешниот прес на ОО СДСМ ја потврдил нивната погубна политика. Потенцираат дека на ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која на граѓаните во целост им презентира отчетност и транспарентност и пред се Програма со над 2046 проекти кои ќе се реализираат.
OhridNews