
Имињата на кандидатите се држат во најголема тајност, a извесно е само дека премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи пратеничката листа во првата изборна единица.
Во Петтата изборна единица во Битолско – охридскиот регион, како носител на листата се спомнува актуелниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Имињата на кандидатите за пратеници од Охрид не се објавуваат, ниту тоа колку места градот ќе добие на листата во петката.
OhridNews











