Единствена цел на Бранко Црвенковски е да дојде на власт, но таа не се освојува со насилство туку на избори, му порача ВМРО ДПМНЕ на лидерот на СДСМ.

-Г-дине Црвенковски власта ја избира народот, а не твоите најблиски и од тебе зависни соработници.Вие тргнавте да се пресметувате и да се тепате со сопствениот народ, дадовте наредба да се непадне претседателот Велјановски, дадовте наредба да се узурпира и завземе Собранието на РМ, да бидат напаѓани пратеници и дадовте наредба да биде ставено вон функција Собранието, кое е избрано од граѓаните.-стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму сметаат дека наместо и понатаму да се заканува, Црвенковски најмалку што требало да направи е да и се извини на македонската јавност.

OhridNews