– Добивме само едно признание дека се што е направено во Охрид во комуналната сфера и инфраструктура е направено со средства на владата. Но, повторно нема одговор каде се потрошени 9 милиони евра од буџетот на Охрид за 2010 година и секако околу 40- тина милиони евра за 6 години – пари на граѓаните. Нема одговор како 90 % е искористен општинскиот буџет, а програмите само 20, 30 %. Повторно нема одговор зошто се земаат кредити за монополските јавни претпријатија, нема одговор зошто и по кои основи расте новиот долг на градот создаден од коруптивното работење на оваа Локална самоуправа на СДСМ и нивниот Градоначалник кој со својот тим ништо капитално не направил за Охрид, освен за себе, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека разликата во делувањето е што ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а СДСМ веселата математиката ја работи само за својот џеб. – Актуелните властодржци во локалната самоуправа се само луѓе кои цел живот земаат од Охрид, а ништо за градот не придонеле. А за раководителот на ЛЕР, кому единствена грижа му биле само имиџот и ликот и делото, му порачуваме да не се грижи затоа што во локалната немаат ни лик ниту пак некакво дело. СДСМ преку тие манипулатори покажува дека не знае да управува ни со најобични локални програми, а камо ли со држава и како таква таа политика на манипулатори и таа партија ќе бидат набргу повторно поразени, стои во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ.