ВМРО ДПМНЕ допрва ќе одлучува за смената на функционери во Охрид
25.04.12 16:52
ВМРО ДПМНЕ официјално не ги соопштува имињата на функционерите кои ќе бидат опфатени со „Новиот бран“. Она што зaсега се знае е тоа дека во Охрид ќе биде извршена промена на најмалку 7 функционери, а уште тројца ќе бидат под мониторинг.
Висок извор од партијата ни изјави дека засега единствено конкретно е разговарано за смена на функционери на национално ниво и тоа во ЕЛЕМ, Агенцијата за патишта, Агенцијата за заштита на конкурентноста и Македонски Железници, додека за промена на директори во Охрид се’ уште не е расправано, посочувајќи дека лицитирањето со имиња на раководители на кои им се ниша фотељата, a кои почнаа да кружат во јавноста, е во доменот на шпекулации, односно се работи за нечија пуста желба.
Како што дознаваме, во изминатите месеци партијата извршила анкетирање со различни целни групи за работата на функционерите во Охрид, врз основа на кое ќе биде и донесена одлуката за смена на раководители во институции каде на одговорни позиции се назначени функционери од ВМРО ДПМНЕ.
На полноќ истеше рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и листи на советници за претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври Како што информира Општинската изборна комиси...
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец Попладне и во текот на ноќта, на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи Поин...
На 12092025 во 12:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид Тој претходно во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка По целосно документ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.