Дрско и безобразно е дури сега да се носи предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, наместо во мај, со која туристичката сезона се сведува на неколу дена наместо на неколку месеци, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО ДПМНЕ, во врска со денес одржаната вонредна седница на која беше продолжено работното време на угостителските објекти.

– Заспаноста на Локалната самоуправа ги доведе туристичките работници да изгубат еден цел месец и да не се во сотојба да имаат време да ги организизраат сите настани поради тоа што чекаа средина на туристичка сзеона за да добијат официјално продолжување. Поради несериозноста на Локалната власт целата угостителска заедница беше заложник, трпеа сите туристичи работници, а сето тоа влијае на финансиските резултати и на угостителските објекти и на општината, велат од Ок на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека иронично е што се организира манифестацијата „Бела Ноќ“ по започнувањето на најзначајната манифестација „Охридско лето“ со која веќе почетокот на сезоната е означен и дека со тоа наместо да се зголемуваат деновите за сезоната, се намалуваат.

OhridNews