Општинската ВМРО- ДПМНЕ се согласува со барањето на општината државата да да ги расчисти сите непознаниници и евентуални незаконски дејствија во МЈП „Проаква“, но истовремено бара таа да го испита и работењето и на градоначалникот на Охрид.

– Истовремено бараме државата да го расчисти евентуалното незаконско и криминално однесување на градоначалникот Петрески во овие негови 7 години владеење поврзано со евентуална негова корумпираност во урбанизмот и градежништвото во Охрид, во нелегалните вработувања и посебно елементите на можна корупција и криминал во префрлување на средства преку недозволени цесии.-се вели во писмената реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

OhridNews