Граѓаните на Охрид и охридско, трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ. Голем број на угостители долж охридското крајбрежје претрпеа огромни материјални штети, поради незнаењето на  раководството на претпријатието да менаџира, велат од ВМРО ДПМНЕ.

– ЕЛЕМ не може да ја избегне одговорноста за директната штета што ја предизвикаа. Доколку навремено е реагирано и водата од Охридското езеро навремено се испушташе и се полнеше Шпиље, каде имаме рекордни над 12 метри празен простор во акумулацијата, до поплави во Охрид и охридско немаше да дојде. ЕЛЕМ со ова раководство доживува вистински крах. ЕЛЕМ не ја извршува својата обврска долгорочно да планира, оптимира и управува со ресурсите  кои е должна да ги менаџира, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека наместо подобрување на енергетските капацитети на земјава раководството на ЕЛЕМ врши партизирање на синдикалното здружение.

OhridNews