Опозициската ВМРО ДПМНЕ му забележува на градоначалникот Георгиески, дека и по 5 месеци од отпочнување на градежните работим се уште не е завршена реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“.

Ниту нов асфалт за коловозната лента, ниту реконструкција на тротоарите, нема велосипедски патеки, ниту е подигнат нов дрворед, нема ново улично осветлување и соодветна сообраќајна сигнализација, а граѓаните секојдневно се соочуваат со прекин во водоснабдувањето. – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ со пролонгирање на градежните зафати се загрозува безбедноста на граѓанитеи се создава хаос во сообраќајот.

OhridNews