Без ни малку срам Зоран Заев и Константин Георгиески прошетаа по плажите низ Охрид иако селективно постапуваат по препораките на УНЕСКО, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Власта никако не може да се справи со бесправно изградените објекти, па прави само гол популизам. Убаво ќе беше Заев да каже што се случува со автопатот Кичево-Охрид наместо да нареди да се одложи минирањето и како туристите ќе доаѓаат во Охрид затоа што не можат сите да користат хеликоптер на државна сметка како него.
Само доколку Георгиески беше пред бетонската база на неговиот коалиционен партнер и ќе започне да ја руши може да каже дека неуморно работи за интересите на Охрид. Ослепени од наводната идила, не знаеме како не им беше заматен погледот од запаленото ѓубре на Буково, впрочем и една од најголемите забелешки во препораките на УНЕСКО. – стои во соопштението за јавност.

ВМРО ДПМНЕ и забележува на власта за проблемот со недостигот на вода за пиење во градот и наплатата на паркингот во сезона.

OhridNews