На синоќа одржаната седница на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, разрешени се потпретседателот на партијата, Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет, Констадин Богданов.

Во дадената изјава за медиумите, стои дека ваквиот чекор се презема поради: „дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи“.

  • Централниот Комитет заради истите причини побара од матичните општински комитети да поведе дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров. 8-те пратеници кои што мандатот го добија затоа што беа на листата на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот како и Програмата заради која што се избрани веднаш да поднесат оставка на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните, рече во изјавата за медиумите, Александар Николоски.

Централниот Комитет го повика Јавното Обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници.

На седницата едногласно му беше дадена поддршка и доверба на актуелниот претседател Христијан Мицкоски.

OhridNews