Од 43 проценти обработени од избирачките места кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова води во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, а Давкова победила во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече на вечерва одржаната прес конференција генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.
Благодарност огромна до граѓаните, до секој еден човек во оваа држава, за секој еден глас, за оние кои излегоа на гласање, но и за оние кои не излегоа на гласање. Имавме изборна кампања со низа прекршувања, да потсетам и на прогонот, притисоците на власта и околностите во кои ја водевме оваа битка, но ќе споменам дека имавме генерално мирен изборен ден. Македонија ни дава сила, вечерва победува Македонија, вечерва победува правдата, стигнува правдата во Македонија, рече Јанушев.
Јанушев најави нова прес конференција по обработувањето на новите податоци кои постојано пристигнуваат.
OhridNews