Прашањето за името е едно од најзначајните за нашата држава. Тоа е надпартиско, суштествено за постоењето и понатамошното дејствување на државата, истакна лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по седницата на Извршниот комитет, на која партијата градеше став во врска со најавениот референдум на 30 септември.

ВМРО-ДПМНЕ, по консултациите со граѓаните и реално различните мислења кои постојат меѓу народот, за апстиненција или да се гласа против, но и оние малкуте кои сметаат дека треба да се поддржи, по одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа, со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра пред се за своето семејство и за нашата мила Македонија. Македонија ни е се. Нема партиите да одлучуваат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа. 

Македонија не е само на Мицкоски, не е ниту само на Заев, туку на секој слободномислечки граѓанин. Имате се пред вас, и се е толку видливо и мерливо, и сите аргументи, и сите факти, и јас сум убеден дека знаете, знаете што треба да направите. – рече Мицкоски.

OhridNews