
Последици од тоа, рекоа од ВМРО ДПМНЕ, има и по туристичката сезона и по граѓаните. Оттаму потенцираа дека градската власт нема храброст да ги исполни најавите за враќање на паркинзите под капа на општината, која според ВМРО ДПМНЕ, станала жртва на интереси на поединци и групи.
ВМРО ДПМНЕ денеска јавно побара одговорните во Локалната самоуправа да ги признаат и другите свои грешки.
-Би сакале да ги потсетиме исто така да признаат за пензионерскиот дом, за затворениот базен, за жичарата на Галичица, за голф терените, за аква паркот, за бесплатниот превоз на пензионерите, за урбаната мафија, за собраќајниот хаос во градот, за раскопаните улици, за големите инвестиции кои ќе ги донесеа во Охрид, за сите оние работи кои им ги ветија на своите сограѓани а не ги остварија.-бече истакнато на прес ккнференцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму сметаат дека општината нема никакво алиби за нереализираните најавени проекти и дека сето тоа граѓаните ќе го имаат предвид на претстојните локални избори, кога според ВМРО ДПМНЕ, ќе дојдело до промена на власта во Охрид.












