Нешто по полноќ на јавноста и се обратија претседателот на државата Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кои прогласија двојна победа на неделните избори.

Старо-новиот претседател упати честитки до граѓаните, семејството, ВМРО ДПМНЕ, но и до својот против кандидат кому му посака се’ најдобро во животот

-Ќе останам претседател на сите граѓани и ќе ги бранам интересите на сите во Македонија и на Македонија. Од утре нема победници и поразени, има само работа и работа, рече меѓу другото во својот говор Иванов.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Груевски, изборите ги оцени како фер и демократски. Тој изрази жалење за потегот на опозцијата и надеж дека по преспиена ноќ раководството на СДСМ ќе го корегира ставот за бојкот на изборните резултати.

-Ова е недвосмислена доверба, јасно изразена волја на народот. Со овие две победи граѓаните во девет изборни циклуси даваат доверба за ВМРО-ДПМНЕ. Победи економскиот концепт, концептот на дела, на решавање на проблемите на граѓаните, изјави Груевски.

Тој истакна дека кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ на изборите го поддржале над половина милион гласачи. Според 92 отсто од обработените гласови коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ добила поддршка од 450 илјади граѓани и освоила 61 или 62 прартенички места, наспроти 34 или 35 на СДСМ.

OhridNews