Два дена локалните политичари не убедуваат кој повеќе се грижи и работи посветено во интерес на граѓаните, но имаат различни гледишта кој тоа го прави подобро. По обвинувањата на локалната самоуправа дека владеачката ВМРО ДПМНЕ во Охрид не направила капитални инвестици, посочувајќи дека власта дури и ги присвојува проектите на општината, реагираа од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека само локалната самоуправа и градоначалникот не можат да ги видат капиталните проекти кои ги реализирала  партијата на власт.

-Само да ги потсетиме, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ги изгради двата Булевари, го изгради Плаошник, го модернизира Аеродромот Св. Апостол Павле, ја изгради наколната населба кај Градиште, го отвори професионалниот театар во Охрид. Ве прашуваме, кажете една капитална инвестиција која СДСМ и нивниот Градоначалник ја имаат направено во Охрид? – се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

OhridNews