Има само една работа полоша од тоа да се биде предавник. Тоа е да се биде предавник и слуга.Токму во таква улога  и незавидна позиција се наоѓа раководството на Народна,  кое заради бизнис интереси им слугува на СДСМ и Бранко Црвенкоски, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешниот допис од ВМРО- Народна партија.

– Коалицијата Бранко и Љубчо , коалицијата Народна СДСМ на локално ниво заедно со најочајниот градоначалник во заминување Александар Петрески   е доказ кој се продавал и себе и партијата и градот и државата во овие 20 години.Чесните членови на СДСМ и Народна го увидоа тоа и секојдневно даваат се поголема поддршка на кандидатот за Градоначалник на Охрид на ВМРО ДПМНЕ. Ако сте храбри како на хартија и ако не ви единствена вредност цинизмот , ве охрабруваме да излезете на избори па да видиме во кого веруваат граѓаните. Излезете на избори кои ќе бидат набљудувани и од странски набљудувачи. На тие фер избори граѓаните ќе кажат кој ќе биде Градоначалник,а кој мнозинство во Советот на Општина Охрид, се наведува во реакцијата.

OhridNews