ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите, како што велат, да не приведуваат недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од настаните во четвртокот.
– Во текот на вчерашниот ден до партијата допреа информации дека приведени се многу луѓе кои не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги привела, држела со часови во полициска станица, а дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле кривично дело или насилство. Треба да се разграничи неколкучасовно влегување на граѓани во парламентот, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев од предавничките, антидржавни и кукавички политики на СДС, од нанесувањето тешки телесни повреди. МВР и обвинителството треба да се свесни дека за да некого приведат или изнесат пред суд, треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Додаваат дека ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за овие настани при насилствата врз полицијата направени од шарените платени протестанти минатата година, кои за пари протестираа и вршеа насилство врз македонските полицајци.
Апелираат до судот да внимаваат при носењето на одлуките, и да се држат исклучиво до фактите и доказите, а да не ги понесува партиската наклонетост кон едни или кон други.
OhridNews