ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека Тиранската платформа е против уставна, а нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација и растурање на државата. „ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли Тиранската платформа и остро се спротивставува на нејзиното реализирање. Таа претставува класична уцена и со неа се поткопува и руши уставниот поредок во Република  Македонија“, изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата го обвинува СДСМ што во целотст ја има прифатено Платформата од Тирана. „Тоа беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно пред преставник на ДУИ рече дека СДСМ се согласува со точките од платформата.Затоа целосно се излишни секаков вид понатамошни изговори и измислици со кои ќе се обидат да ја релативизираат реалноста“, рече Јовановски на прес конференцијата во петокот, додавајќи дека само нови избори ќе помогнат за излез од кризата.