ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да престане да соработува со посредникот Питер Ван Хауте.

„Одлуката се базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

Заради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ван Хауте. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ван Хауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба.“ –  севели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата реакција на владејачката партија доаѓа откако меѓународниот посредник во преговорите помеѓу четирите политички партии потпсиснички на Договорот од Пржино, на својот твитер профил претходно напиша дека се предава и оти изботи на 24 април во Македонија нема да има. Официјален Брисел се огради од ваквата изјава, посочувајќи дека се работи за личен став на посредникот.

OhridNews