
„Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации“, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, сосема е очекувано дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да го нуди тоа што најдобро го умее, деструкција, манипулации и продуцирање на кризи.
За разлика од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ продолжува со одговорно и отчетно работење во полза на граѓаните, се вели во соопштението.
OhridNews
Извор:„Макфакс“











