Единствената причина заради која што Катица Јанева ја донесе одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите, изјави на прес конференција Спиро Ристески од ВМРО ДПМНЕ.
„Единствената причина заради која што Катица Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот и неговите истурени играчи на терен, верувајќи во неговата бескрајна моќ да ја заштити и неа и нив во иднина.
Зоран Заев повторно беше фатен во криминал, а Катица Јанева наместо да го гони се стави во негова заштита.
Наместо да одговори на овие прашања, Катица Јанева само потврдува дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното отворање на новите истраги се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на СЈО.
Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев. “ – рече Спироски.
OhridNews
СЈО отвори две нови истражни постапки под работни називи „Тарифа“ и „Тенк“