Продолжува препукувањето помеѓу Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Локалната самоуправа, кои меѓусебно се обвинуваат за недомаќинско трошење на народните пари. На забелешките во реакцијата  на Локалната самоуправа, ВМРО ДПМНЕ возвраќа со нови обвинувања:

– Објаснете го пред граѓаните фактот дека имате Буџетска искористеност од околу 90%, а искористеност по клучните програми од 20, 30 и 40%? Каде се парите на граѓаните???? Објаснете како тоа исти проекти се наоѓаат во две и повеќе програми во Секторите? Објаснете зошто Јавно претпријатие кое има монопол и плус добива средства од Општината, зема кредит од 240.000 евра? Објаснете зошто упорно не сакате да ја намалите цената за одржување на гробно место кое сеуште по ваша одлука стои 100 денари?

Тоа објаснете го на граѓаните на Охрид. Немојте да пишувате празни соопштенија за некаква голема политика кога вие не знаете ни да спроведете една обична локална програма. – се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews