Зоран Заев и Лазаревска повеќе не се фактор да уценуваат и да си играат со здравјето и чувствата на граѓаните. Желбата на Лазе Танески и Лазаревска е да загубат со помала разлика и да се надеваат на чудо. На хероите, здравствените работници треба да им се честита, но да им се честита затоа што голораки се борат за спасување на што повеќе животи, се наведува во реакијата од општинската ВМРО ДПМНЕ по вчерашната прес конференција на пратеничката од Охрид, Жаклина Лазаревска.

  • Дали за Танески и Лазаревска значи нешто загубата на над 100 човечки животи или тие за нив се само бројки? Дали ќе сносат одговорност за барем еден заразен или починат во време на изборна кампања? Исто како Заев, својот политички ментор за лаги, одат спротивно на она што го гледаме во однос на бројот на заразени и починати, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија. Ако Лазаревска веќе сака да прави споредби, нека каже дека земјите од соседството кои ги споменува, имаат едноцифрена бројка на новозаболени, а ние вчера имавме 40. Тоа е она од што се плаши Христијан Мицкоски, а вие само се плашите од изборниот резултат. Но, тој ќе се случи, дали на 21, 28 или подоцна – катастрофален ќе е за вас и вие за тоа сте свесни…затоа ви се брза, стои во реакцијата.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ додаваат дека технички е невозможно да се стигне да има избори на 21 јуни или 28 јуни.

  • Најчудно во целава фарса е што СДСМ се повикува на законите, истата таа СДСМ која го изгази Уставот. И кога се бара консензус какво е тоа дрско и безобразно однесување или на 21 јуни избори или не се договараме? Ова ли е демократијата што ја ветувавте? Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако сѐ уште има карантин и полициски час?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, брзањето на Лазаревска е поради желбата за пратеничкото столче, а не за ветувањата дадени кон охриѓани.

OhridNews