Реакција од ОК на ВМРО- ДПМНЕ по денешната прес- конференција на општинската СДСМ.
– Го потсетуваме шефот на изборниот штаб на СДСМ Петрески, катастрофалниот избор и казната што ја доби од сопствената партија да не ја префрла на други, затоа што СДСМ има квалитетни пратеници на листата како што се: Фијат Цаноски, Митре Вељаноски и Ердоган Сарач. Тие се вистинската слика на СДСМ. Никакво глумење на единство пред медиумите не може да го покрие расколот на СДСМ во Охрид и насекаде низ Македонија, заради роднините на листите, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека за тоа колку бил успешен Александар Петрески доволно говори фактот дека неговата партија не ни помислила да го кандидира за пратеник. – ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и на овие избори и со тоа ќе го делегитимира вршителот на должност Градоначалник на Охрид, Александар Петрески, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.











