Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесе информација со барање за укинување на одлуките за поскапување на сметките за вода и одведување отпадни води за нискоградба, информира на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, кој додаде дека аналогно на сметките за вода, се зголемуваат и сметките за нискоградба.
– Ова ли е ветувањето на СДС преку планот за намалени трошоци и подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните? Се запрашале ли како ќе се одрази врз нивниот и онака тенок семеен буџет? СДС единствено удри по џебот на секој граѓанин. Наместо суштински проекти, тие ја замајуваат јавноста со мерки со кои ги ограбуваат граѓаните. Жално е што нивната неспособност ја плаќаат охриѓани, рече Пецаков.
Пецаков упати прашање-Зошто ЈП „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика?
– Советниците на СДСМ на седницата на Совет одржана на ден 22.12.2017 година ја потврдуваат донесената скандалозна одлука за поскапување на цената на водата. Граѓаните веќе ги добија сметките со нови поскапени цени. Од 1.1.2018 год. цената на водата се утврдува во вид на зголемен варијабилен и дополнителен фиксен надоместок. Одлуката за цената е на основачите на јавните комунални претпријатија, а тоа се Советот и Градоначалникот на општината, потенцира претседателот на општинската ВМРО ДПМНЕ.
За споредба ако сметката за месец декември изнесувала 266 денари, за месец јануари изнесува 431 денар.
OhridNews












