Државната изборна комисија(ДИК) на денес одржаната седница формално, без ждрепка, утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
Листите на НДМ и официјално се отфрлени, бидејќи не се отстранети неправилностите за кои партијата требаше да ги исправи.
На седницата ДИК потврди дека СДПМ ги повлече своите кандидатски листи.
OhridNews
извор Макфакс