Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја обвинува локалната самоуправа за груба манипулација со јавноста и објавување на партиски ставови на официјалната веб страна на општина Охрид. Според ВМРО ДПМНЕ користењето на веб страната на општината како партиско гласило во кое се коментира официјална политика и парламентарните избори е скандал за кој некој треба да одговара.

– Господо од СДСМ Охрид , ако немате сопствена зграда , ако немате ресурси , ако немате Партија во Охрид , немојте да ја злоупотребувате Општина Охрид која е на сите граѓани на Охрид? Оро можете да играте само во свој двор ,ако имате. За ова Градоначалникот и  секретарот на Општината ќе добијат  пријава за злоупотреба на службена должност и службени добра. -најавуваат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews