Во рамки на акцијата „Нови идеи за нови сили“, за прибирање на идеи на граѓаните за подобрување на состојбите во локалните самоуправи, ОК на ВМРО ДПМНЕ, денеска, ќе отвори пункт за собирање на идеи од граѓаните на Охрид. 
-Очекуваме граѓаните да дадат многу конкретни, практични и многу рационални идеи поврзани со проблемите кои што ги имаат во нивниот секојдневен живот. Дел од тие идеи би биле вклопени во Програмата за Охрид која ВМРО ДПМНЕ ја изготвува за локалните избори, информираат од партијата.
Пунктот ќе биде отворен точно од 11:00 часот на локација пред стариот Чинар. 
OhridNews