Воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, обвинува ВМРО ДПМНЕ, откако на социјалните мрежи осамнаа фотографии од градежни дејствија на местото каде неодамна започнаа  активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.

Глумејќи театралност пред очите на граѓаните, само по два дена најпрвин ја повлекуваат механизацијата, а потоа се дозволува да се продолжи заѕидувањето на крајбрежјето. До кога пред очите на Георгиески ќе се нарушува светското природно и културно наследство на Охрид? – прашува ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија смета дека однесувањето на градоначалникот и локалната власт е лицемерно и немаат храброст да се справат со урбанистичката мафија, обвинувајќи ги дека не се способни да го задржат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

OhridNews