До нашата редакција пристигна реакција од советничката група на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, по повод соопштението на советничката група на ВМРО НП кое ви го пренесуваме во целост.


Во него стои: “Со нетрпение чекавме соопштение од типот мувата на капата. Одговорот на таквите лажни обвинувања е едноставен . Ние како советничка група не се занимаваме со уцени врз Охрид, ниту со некакви непринципиелни коалиции, ниту со лицемерие туку сме жестоко против урбаните и другите политики КОИ СЕ НА ШТЕТА на Охрид . И цитатот на Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е точен и натаму стоиме на тој став. На последната  седница немаше урбанистички планови КОИ СЕ НА ШТЕТА на градот и граѓаните и како плус на тоа тие се наоѓаа во почетна фаза која допрва треба да оди на одобрување во институциите . Ние и во други случаи сме гласале за урбанистички планови кои не го загрозуваат Охрид и тоа сме го објасниле како став ,а сме биле и ќе бидеме против урбанистичките планови КОИ СЕ НА ШТЕТА на Охрид, а кои ги гласаат токму советници на мнозинството во Советот. Ова е само празен обид на  оние кои две и пол години му наштетуваат на Охрид за лични интереси  да се спасат. ВМРО ДПМНЕ стои на истите ставови и со нетрпение го чекавме овој момент за Народната, конечно да објасни зошто  завчера од говорницата на Советот на Општина Охрид беа јасно и гласно прозвани за УЦЕНУВАЧИ . Скандалозно признание кое бара одговор  кого тие уценувале две и пол години , зошто уценувале , за чии интереси и која е штетата врз Охрид од таквите уцени ? Јавноста мора да ја знае вистината”, стои во дописот.

Ohridnews