Од општинската ВМРО- ДПМНЕ стигна реакција во која ја осудуваат, како што велат, злоупотребата на името на Охрид и Свети Климент за дегутантни потреби.
– Кој ќе ја плати цената за електричната енергија кои тие си ја користеа на плоштадот во Охрид, како и од кого е издаден плоштадот за ваква злоупотреба и кој ќе понесе одговорност за неовластено попречување на слободата на движењето на граѓаните на Охрид по градскиот плоштад. Срамна слика за медиумот, срамна слика за Локалната самоуправа и Градоначалникот на Охрид, велат од ВМРО- ДПМНЕ.