Оттаму сметаат дека градбата на само неколку кружни текови не го решава проблемот со сообраќајниот хаос во градот. Според нив, нивната изградба на регионален и магистрален патен правец, како што е булеварот „Туристичка“ несомнено ќе создаде тотален сообраќаен хаос во Охрид, особено за време на туристичката сезона.
– Вавквиот чекор не само што ќе го дуплира сообраќајниот хаос туку ќе доведе во опасност и учесниците во сообраќајот посебно пешаците и велосипедистите. Тие не смеат да бидат жртва на лудата одлука и неинвентивноста на Петрески за да си го скроти падот на рејтингот пред граѓаните на Охрид. Петрески создаде нови долгови кои сега изнесуваат над 15 милиони евра . И сега сето тоа сака да го покрие со изградба на кружен тек , т.е неколку бехатон плочки и цвеќенца, рече на денешната прес- конференција портпаролот на општинската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
Како што потенцира Митровиќ, неиздржана е изјавата на Раководителот на Одделението за сообраќај ,Шикалески Зоран, кој најавил “периодични запирања на сообраќајот ако случајно го пробиеле рокот и навлезеле во летната сезона…и пренасочувања по други улици”.
– Значи Општината Охрид против сообраќајниот хаос ќе се бори со создавање на уште поголем хаос ,правејќи времени запирања на сообраќајот по главните собраќајници и нивно пренасочување. Ова само ја докажува неспособноста на Александар Петрески да раководи со градот Охрид. Овој човек прави непоправлива штета на Охрид. Добро е што за извесно време граѓаните на Охрид засекогаш ќе ги заборават Петрески и уништувачите на Охрид, реќе Митровиќ.