
„Во духот на демохристјанството ВМРО ДПМНЕ како политичка опција своите ставови ги прикажува низ демократски процеси и никогаш не врши присила и закани и во целост ги отфрла обвинувањата од СДСМ. Таков бил и ќе биде принципот на ВМРО ДПМНЕ – партија во која членуваат голем број на членови и партија која има голем број на симпатизери. Впрочем, тоа нашите политички опоненти најдобро ќе може да го согледаат од денешниот голем партиски митинг во Скопје, во кој ќе се покаже и докаже силата и големината на ВМРО ДПМНЕ.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охирд.
Оттаму потенцираат дека за вистинската слика и големината на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе може да се увери на претстојните претседателски и парламентарни избори.
„Од друга страна ВМРО ДПМНЕ жали што во целост не може да им излезе во пресрет на своите сограѓани за организиран превоз за вечерашниот митинг со оглед дека заинтересираноста е преголема.“ – потенцираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
OhridNews
Тунтев: Пендаровски вчера ги обедини охриѓани од различни вери, партии и етникуми











