За СДСМ зборот беше збор, а за граѓаните ќе дојдеше живот. Ниту зборот е збор, ниту дојде живот туку партиските интереси се ставени пред интересите на граѓаните. Охриѓани по цела една година и повеќе не добиле обесштетување за штетите од земјотресите. Нема ниту денар, ниту пак солидарност за граѓаните, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека за една година се покажало вистинското лице на СДСМ и пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска коишто претходно не го прифатија интервентниот амандман од 2 милиона евра со цел за располагање на граѓаните коишто претрпеа штети.
ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ паричните средства во најкус можен рок да бидат исплатени на граѓаните.
OhridNews











