Препукувањето помеѓу Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Локалната самоуправа, оклу изградбата на новиот Здравствен дом во Охрид продолжуваат со несмален интензитет. По реакцијата на општината дека ВМРО ДПМНЕ е виновна што не е изграден Здравствениот дом во Охрид, од партијата со контра обвинување дека градот е жртва на лични интереси на раководните структури во локалната самоуправа.
– Она што денес го презентиравме како неоспорен факт, за жал „работниците“ од локалната заедно со нивниот Градоначалник не можат никако да го скријат. Денес на граѓаните на Охрид им стана јасно кои луѓе го водат Охрид, кои луѓе Охрид го опустошуваат го урнисуваат. Им стана јасно дека градот го водат луѓе кои ако немаат личен интерес тие не мрднуваат ни со малиот прст за доброто на Охрид. Уште еднаш се потврди дека на локалната власт на СДСМ и нивниот Градоначалник не ги интересираат капиталните објекти кои се од интерес на сите граѓани и дека во прв план им е само личниот интерес.-се вели меќу другото во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека за разлика од локалната самоуправа и СДСМ, ВМРО ДПМНЕ во Охрид изградила и гради капитални објекти.
OhridNews