– Во Буџетот на Општина Охрид за 2012 година, СДСМ и Градоначалникот протуркаа ставка што воедно беше и манипулација, за некаква социјална поддршка за ранливите групи граѓани ставена под име субвенции за јавните претпријатија . Оваа ставка која изнесува 5 милиони денари наместо за намената т.е лагата , преку јавните претпријатија во моментов се користи за злоупотреби и прибирање на средства за партиски потреби. Настрана тоа освен лагата за социјални пакети , СДСМ и Градоначалникот се дрзнаа неколку месеци наназад насилно да земаат по 300-500 денари месечно од вработените во локалната администрација и јавните претпријатија во Охрид и тоа под закани кон вработените на работното место, рече Митровиќ.
Според општинската ВМРО- ДПМНЕ, поскапувајќи ги цените на комуналните услуги во Охрид, преку политичко надгласување СДСМ и Градоначалникот таканаречената социјална компонента ја загрозија до максимум, водејќи сметка само за личните и партиски интереси.
– СДСМ- Охрид и Градоначалникот Петрески треба јавно и јасно да одговорат зошто средствата за таканаречената социјална поддршка ги користат за покривање на загуби на јавните претпријатија , зошто средствата од тнр.социјална поддршка ги користат за партиски потреби и на крај зошто ги излажаа граѓаните на Охрид дека се наводно загрижени за социјалниот момент на граѓаните на Охрид, кога ниту се користат средствата за таа намена ,а спротивно на тоа се зголемуваат цените на комуналните услуги во Охрид, истакна Митровиќ.
Како што беше кажано на денешната прес конференција, Никола Митровиќ е новиот портпарол на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, задолжен за односи со јавноста.
Митровиќ е дипломиран историчар- архивист, моментално докторант на Институтот за национална историја. Член на ВМРО- ДПМНЕ е од 2005 година, а претходно бил вработен во Секретаријатот за европски прашања во Владата на РМ.