ОК на ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што од таму истакнуваат, практиката на безмислено и масовно вработување на партиските кадри на СДСМ во администрацијата на Општина Охрид. – Најновиот конкурс од саботата за прием на 21 партиски кадар е само уште еден доказ за промашеното управување на Охрид од овој Градоначалник и од СДСМ, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Илија Мојсоски.


Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе поднесат претставка до Антикорупциска комисија против лицето Драган Пандески кој, како што велат од оваа партија,  незаконски, во очигледен конфликт на интереси, истовремено изигрува директор на општинско Јавно Претпријатие „Гробишта“ и донесува одлуки како советник во Советот на општина Охрид. – Всушност, ова  незаконско работење е вистинската слика на политиката на СДСМ и нивните партнери во локалната власт, рече Мојсоски .

Портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ со прашање до градоначалникот. – Господине Петрески, во јавноста се зборува за се и сешто – за корупција, за станови во новоизградените згради, за преполни банкарски сметки, но ни на крај памет не и паднало дека во џеб имате 1,6 милиони евра со кои сам ќе ги финансирате комуналиите за комплексот Плаошник. Јавноста сега со право се прашува: Како го  стекнавте тоа богатство г-дине Петрески? 1,6 милиони евра?!? Вие најмалку имате право да зборувате за интересите на Охриѓани, затоа што Вие не ни знаете што е тоа. Вашиот личен интерес не е во интерес на градот, рече Мојсоски.

OhridNews