Охриѓани денеска очекуваа дека министерката за образование Мила Царовска заедно со градоначалникот Георгиески ќе ја отворат ветената спортска сала во средното училиште „Ванчо Питошески“ и во другите училишта, како и дека ќе се соочи до просветните работници кои кои ги изгубија работните места за сметка на вработување на партиски војници.
Кога веќе промовирате стручно образование, дали затоа што укинавте една паралелка во средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ не бевте да ги слушнете тие наставници коишто остануваат со помал фонд на часови? Ќе спроведувате реформа, а ни трага, ни глас од спортските сали во основните училишта: „Кочо Рацин“ – Црногорци, „Братство-Единство“ – Лескајца и „Ванчо Николески“ во Лескоец. Како ќе ја спроведувате Концепцијата кога остана само празно ветување Регионалнииот центар за обука на наставен кадар во училиштето во Трпејца? – прашува ОК ВМРОД ПМНЕ Охрид.

OhridNews











