Учениците од Куратица коишто учат во средните училишта чекаат и по три саати повеќе бидејќи не можат да го стигнат превозот во 12 часот, а следниот е дури до 16 часот. Иако се оддалечени од училиштето и повеќе од три километри им се ускратува законското право за превоз, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Дали е во ред учениците да излегуваат од дома и да патуваат пред 6 часот наутро, а да се враќаат дома по 16 часот? Зошто градоначалникот и директорите не ја исполнуваат законската должност и не им обезбедуваат бесплатен автобуски превоз на учениците? – прашува партијата.

Опозицијата бара од СДСМ и да одговори зошто веќе втор месец не е обезбеден превоз за учениците коишто учат во Спортската академија во Охрид.

Замислете учениците кои патуваат од Струга, Велгошти, Подгорци, Враништа и Радожда ќе треба да купуваат месечни карти и на крајот од месецот тие месечни карти да ги доставуваат, по што ќе чекаат да им бидат исплатени парите назад. Зошто општина Охрид не го спроведува Законот за општински превоз и не го почитува Законот за средно образование со кој учениците имаат бесплатен ученички превоз? Со СДСМ и Георгиески на учениците сѐ уште не им е решен проблемот со бесплатниот училишен превоз.- велат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews