Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ребалансот на буџетот на општина Охрид?, прашуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Откако ладнокрвно ги одби предлозите од ВМРО-ДПМНЕ и најави експресен ребаланс, и еден месец по завршувањето на кварталот немаме предлог за ребаланс. Општинската администрација веќе го подготвила ребалансот, но Георгиески тактизира, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, бараат одговор од градоначалникот дали со партиската наредба не прави ребаланс со цел да издава потврди за обезбедени средства во буџет и непречено во пресрет на избори да објавува тендери.

  • Дали не сака да се откаже од личните привилегии за репрезентации и патувања кои се многукратно повисоки од неговата плата? Дали признава дека тој е дојден од друга планета, затоа што помина втората половина од месец април, а не го достави ребалансот на општинскиот буџет на усвојување до Советот на општина Охрид?, прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, на Локалната власт и градоначалникот Георгиески воопшто не им се приоритет потребите на граѓаните и заштитата на нивното здравје.

OhridNews