На охриѓани им се потребни промени, а ние тие промени ќе ги донесеме со квалитетен и чесен тим, кој со Охрид ќе управува на најдобар начин. Ова е главниот адут со кој охридскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обиде да победи на Локалните избори кои ќе се одржат догодина.
– Ќе се концентрираме на фактот дека локалната власт на СДСМ, 8 години ништо не направи за Охрид. Спротивно на тоа, нашиот кандидат за градоначалник ќе има издржана програма и визија, која веднаш ќе отвори нова страница за Охрид и која веднаш ќе го врати оптимизмот кај охриѓани и ќе започне со реализација на проекти од јавно добро, најавуваат од охридското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму објаснуваат дека за кандидат за градоначалник на Охрид, бараат и ќе предложат чесен човек, човек кој ќе знае како да го развива градот, човек кој ќе ја смени катастрофалната слика за Охрид и пред се човек кој ќе биде суштинска спротивност на досегашниот Градоначалник на Охрид.
-Кандидатот за градоначалник, кој ќе го кандидира нашата партија, треба да биде и човек кој го познава членството, но и духот на охриѓани. Човек кој се борел и се бори за Охрид и над се, човек подготвен да го направи позитивниот пресврт во нашиот град, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму објаснуваат дека во процесот на избор на кандидати со кои ќе настапат на локалните избори, ќе внимаваат и на детали кои можат да влијаат врз одлуката на гласачкото тело.
-Низ широка дебата и низ процес на анкетирања, јавно мислење и мислења внатре во партијата, ќе се дојде до најсоодветната личност, која ќе ја кандидираме за градоначалник на Охрид. На сличен начин ќе се избираат и кандидати за советници во Советот на Општината, но конечната одлука за сите кандидати со кои ќе се настапи на Локалните избори во 2013 година ќе биде донесена од страна на Извршниот комитет и Претседателот на партијата, појаснуваат од охридското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија не се согласуваат со констатацијата на пошироката јавност дека предизборната капања е веќе започната.
-Не би се согласиле со таа констатација, затоа што сметаме дека активностите кои ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги презема во овој период се дел од редовното функционирање на партијата и дел од редовната неколкугодишна борба против несоодветните политики на локалната власт во Охрид. Присуството во јавноста, пак е нормална реакција на катастрофалното раководење на градот од страна на Градоначалникот и е поврзано со точките на седниците на Советот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие очекуваат дека оваа година ќе донесе раздвижување на структурите на нивната партија и дека од втората половина на годината, ќе влезат и во официјални подготовки за кампањата за претстојните локални избори.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата ...
Одложено судското рочиште против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за несовесно работење во службата во училиштето во Велешта и против Егзона Шеи, која во два последователни мандати ја извршувала...
Талентираното клавирско трио составено од младите охридски музичарки Ана Кузманоска (клавир), Лина Николеска (виолина) и Антица Николоска (виолина), ќе има свое деби во рамките на програмата „Подиу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.