ВМРО ДПМНЕ:Најпрвин да се донесе буџетот, па распуштање на Собранието
13.10.16 08:12
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Собранието на Република Македонија треба веднаш да се распушти, но претходно да се закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка која во целост ќе ја поддржиме, да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа, предложи вчера ВМРО ДПМНЕ, откако СДСМ побара итна седница за распуштање на парламенотот во текот на вчерашниот ден.
„Доколку СДСМ е убедена дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и изгласа ребаланс на Буџетот.
Неносењето на буџетот ќе значи и потенцијален ризик и опасност од внесување на земјава и во финансиска криза, покрај политичката криза со која што се бориме и се обидуваме да ја надминеме.
Со поддршката на агендата што ја предлагаме, СДСМ ќе докаже дека навистина има намера да излезе на избори и дека навистина се убедени дека државата веќе не смее да биде заложник на политичките интереси на Зоран Заев.“ – соопшти Вмрод ДПМНЕ.
Од полноќ цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за еден денар, а на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи Регулаторната ко...
Камион MAN за собирање смет во вредност од 30000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од ...
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје Охрид на мострите од изворот „Шум“ од каде се снабдува со вода Струга и околните населени места покажуваат матност од 3,62 NTU Во градот на мерните мес...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.