Да се критикува Локалната самоуправа без срам во време кога се санира она што тие го направија во 8 години со што го црнисаа Охрид за сто години нанапред во најмала рака е понижувачки, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, на критиките изнесени од страна на ВМРО ДП по повод отшетот на градоначалникот за првите 100 дена од мандатот.

Оттаму велат дека наместо да упатат јавна благодарност кон градоначалникот Бакрачески за својата заложба за целосно оддолжување на долгот на Општината, долг кој тие го направија, Народна Партија критикува. ВМРО ДПМНЕ бара ВМРО ДП и Ванчо Костоски да дадат одговор на прашањето колку некогашниот нивен директор на ЈП Нискоградба Владо Цветкоски потрошил пари за ручеци и мобилни телефони  и колку пари префрлил од јавното претпријатие на приватната фирма на близок член на неговото семејство и нивен партиски другар.

-Народна партија и Ванчо Костоски да одговорат колкав дел од 32 милиони евра долг на општината завршил кај нив и зошто толку бурно се бунат што градоначалникот Бакрачески  бара тие долгови да се намалат? Срамота е Народна партија да критикува за вработувањата во Локалната Самоуправа а тие своите партиски војници ги вдомија токму во Локалната без да знаат што треба да работат.-стои во реакцијата.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека наместо да критикуваат зошто се асфалтира и работи во градот, Народна партија и СДСМ да одговорат зошто исплаќале пари на луѓе со договор без да се појават на работа и зошто во изминатите осум години додека тие беа на власт во Охрид не направиле ништо, а правеле огромни долгови.

-Овој Градоначалник и оваа Локална самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ истрајно ќе продолжи реализација на сите проекти кои што се зацртани во програмата затоа што како политичка партија ВМРО ДПМНЕ секогаш стои зад ветеното.
Исто така ќе мора да се разреши целокупната злоупотреба и целокупните дубиози  и лоши работи кои што Народна партија и СДСМ ги направиле кон градот Охрид.- се вели во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews